Капитенот на Бока сака да игра со повредено око во Суперкласико!?

Вечерва треба да се одигра реваншот во финалето од Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс, откако средбата вчера беше одложена поради инцидентите пред „Монументал“.

Вчера беше каменуван автобусот со фудбалери на Бока, па неколку фудбалери заработија повреди, од кои двајца беа потешко повредени и најверојатно нема да може да настапат.

Еден од нив е капитенот Пабло Перез, кој заработи повреда на окото, па докторите го советуваа да не настапи на вечерашниот дуел.

Сепак, на социјалните мрежи се појавија информации дека тие совети Перез ги одбил и сака вечерва да настапи во Суперкласико затоа што ова е премногу важен дуел за да го пропушти.