Jaмал утре ги почнува припремите, а вечерва ќе прави голема журка!

Ламин Јамал вечерва ќе огранзира приватна забава по повод својот 19. роденден, објави „Ел Еспањол“

На гламурозната забава се очекува да присуствуваат повеќе од 100 гости, меѓу кои и бројни познати имиња. Шпанскиот репрезентативец за оваа посебна пригода го избрал познатиот имот Мас де Сант Љеи кој се наоѓа во близина на Барселона.

Младиот фудбалер го изнајмил луксузниот комплекс за да го прослави роденденот во кругот на семејството и пријателите. Организацијата на настанот привлече големо медиумско внимание, па се очекува присуство на бројни познати личности од светот на спортот и забавата.

Сепак, прославата нема да трае долго, бидејќи крилниот напаѓач веќе следниот ден го очекуваат професионални обврски.

Помалку од 24 часа по забавата, Јамал мора да се појави во тренинг-центарот „Сиутат Еспортива“, каде што ќе ги започне летните подготовки. И покрај густиот распоред, големата надеж на шпанскиот фудбал најде начин спектакуларно да влезе во својата 19-та година.