ПСЖ купи нов голман, но сака да го испрати на позајмица во Јувентус

Францускиот и европски шампион ПСЖ постигна договор со Парма за трансферот на јапонскиот голман Зион Сузуки, чија вредност изнесува 35 милиони евра.

Клубовите ги договориле деталите за трансферот, а Сузуки треба да постигне повеќегодишен договор со гигантот од Париз.

Сепак, планот на парижаните бил да го испратат Сузуки на позајмица во Серија А, поточно во Јувентус кој има проблеми со голманите.

Сузуки во Парма се наметна како еден од најдобрите млади голмани, а неговите настапи го привлекоа интересот на ПСЖ.

Фото: Facebook/Parma Calcio 1913