Елмас и следната сезона ќе игра во Серија А, но за друг калчолигаш!?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел и следната сезона да игра во Серија А, откако Фиорентина покажала интерес за услугите на талентираниот фудбалер.

„Кориере дело Спорт“ објави дека клубот од Фиренца веќе испратил понуда до Елмас, кој во моментов ја разгледува можноста за преселба во нова средина.

Македонецот сè уште не донел конечна одлука и побарал време да размисли за идејата да се пресели во друг калчолигаш.

Елмас претходно во Серија А играше за Наполи и Торино, а во кариерата го носеше и дресот на Работнички, Фенербахче и Лајпциг.

Фото: Napoli FC/Facebook