Љубовта заврши неславно: Монако му го раскина договорот на Погба!

Утринава пристигна информацијата дека Пол Погба се повредил, а вечерва од Франција тврдат дека Монако му го раскинал договорот.

Големиот Пол Погба не успеа да се врати како што посакува по супензијата поради допинг, се чини дека се ближи и крајот на неговата кариера.

Монако беше тимот кој му даде шанса на Погба, но Французинот не успеа да ја искористи.

Го мачеа и повреди, не можеше да ја врати својата полна физичка кондиција, а „Ла Паризиен“ сега тврди дека Монако му го раскинал договорот.

Останува да се види сега што после ова, дали Погба ќе побара нов клуб или ќе се прости од фудбалот.