Барса го потврди хоророт на својот талент: Најмалку седум месеци пауза за Барџи

Барселона доби лоши вести во пресрет на почетокот на новата сезона. Младиот напаѓач Руни Барџи заработил тешка повреда на десното колено и ќе мора да биде опериран.

Шведскиот репрезентативец го повредил предниот вкрстен лигамент на десното колено за време на тренинг. Барџи не патувал со тимот на турнирот во Удине, бидејќи стручниот штаб сакал превентивно да го поштеди, но наместо тоа тој се повредил на тренингот во Барселона.

За 20-годишниот фудбалер ова е особено тежок удар бидејќи станува збор за истото колено на кое претходно имал сериозна повреда. Тогаш паузираше речиси десет месеци, па новата повреда дополнително ја комплицира неговата ситуација и претстојната рехабилитација која ќе трае најмалку седум месеци. Повредата доаѓа во исклучително лош момент и за самиот Барџи. Тој беше блиску до заминување од Барселона, со оглед на тоа што имаше преговори за трансфер во клуб од Премиер-лигата. Сега тие планови се ставени во мирување, а неговиот приоритет ќе биде целосно да се посвети на опоравувањето.

Барселона потврди дека Барџи има руптура на предниот вкрстен лигамент и дека ќе биде подложен на хируршка интервенција.  За клубот, ова е уште еден непланиран проблем во составот, додека за Барџи претставува голем чекор назад во периодот кога требаше да направи уште еден чекор напред во кариерата.