Готово е: Лукаку си договори трансфер во Турција!
Според последните информации, трансферот ќе изнесува околу шест милиони евра, а останува на клубовите да ги финализираат деталите пред официјално да биде потврдена преселбата.
Лукаку претходно ги договори личните услови со Фенербахче, а наскоро треба да отпатува за Истанбул каде што треба да ги помине медицинските прегледи.
Искусниот напаѓач претходно во кариерата играше и за Челси, Рома, Интер, Манчестер јунајтед, Евертон, ВБА и Андерлехт.