Серафимов на роденденот се пласира со Левски во плеј-офот од ЛШ!
Бугарскиот тим со предност од 1-0 остварена во Софија го почна денешното гостување кај Каират.
Левски не само што ја задржа предноста, туку уште еднаш победи со 1-0. Стрелец на голот беше Реиналдо уште во 13. минута.
Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов, го одигра целиот натпревар.
За него ова беше посебен ден, денеска наполни 27 години.