Тиквеш се засили за фудбалер кој играше и за Македонија и за Албанија!
Офанзивниот фудбалер ги помина сите младински селекции на Македонија, настапуваше и за националниот тим до 21, а потоа се одлучи да игра и за младинците на Албанија.
„ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Бесар Гуџуфи како ново засилување на црвено-белите!
Млад, талентиран и гладен за успех, Бесар пристигнува во Кавадарци подготвен за нов предизвик и ново поглавје во својата кариера.
Неговото доаѓање е уште еден чекор во нашата визија – да изградиме млад, амбициозен и конкурентен Тиквеш, со играчи кои сакаат да напредуваат и заедно со клубот да достигнат повисоко ниво“, стои во соопштението на Тиквеш.
22-годишниот фудбалер во Тиквеш доаѓа како слободен играч откако го раскина договорот со Партизани од Албанија.