Македонија загуби од Украина во последниот меч од групната фаза на ЕП
Македонија се држеше во првите две четвртини, на полувремето имавме негатива од 46-39. Клучна беше третата четвртина која Украинците ја добија со 24-10 и го решија натпреварот.
Во последните минути успеавме само да го ублажиме поразот до конечни 70-84.
Најефикасен во македонскиот состав беше Дион Шабани со 21 поен и 11 скока, Илија Коневски и Михаил Анѓеловски постигнаа по 16 поени.
По денот предвиден за одмор, Македонија продолжува во следната фаза од шампионатот, во која ќе се натпреварува за пласман од 9. до 16. место.