Нема ЛШ за Црвена звезда - нов пораз од Хапоел Бер Шева! (ВИДЕО)
Црвена звезда не одигра речиси ништо на денешниот натпревар и сосема заслужено доживеа пораз.
Дејан Станковиќ не остана на клупата до крајот на мечот, доби црвен картон во 57. минута, а потоа дојдоа головите за гостите.
Златановиќ во 61. минута донесе водство за Хапоел, а Ист на десет минути пред крајот ги постави конечните 2-0 за гостите.
Динамо Загреб со 2-1 победи на гостувањето кај Кауно Жалгирис и со вкупни 7-1 се пласираше во плејофот од Лигата на шампионите.