„Јамал има „календар со девојки“, неговиот менаџер му ги договара средбите“

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал често во медиумите се поврзува со разни скандали, а сега во јавноста зборуваше инфлуенсерката Фати Васкез со која фудбалерот летово помина неколку дена во Италија.

Васкез откри дека двајцата преку социјалните мрежи комуницирале осум месеци пред да се запознаат.

„Според мене Ламин не е добро советуван. Ги запознав луѓето од неговиот најтесен круг и начинот кој живее, мислам дека не носи исправни одлуки. Често оди на забави на познати места со многу девојки, па не е возможно да не биде забележан, а тоа наштетува на неговата кариера“, започна Васкез.

Инфлуенсерката откри и декаа еден ден пред да се сретне со Јамал, тој бил со друга девојка.

„Пред да излезе со мене, еден ден претходно беше со друга девојка. Дознв преку неколку објавени фотографии. Исто така девојката ме побара и ми кажа дека си заминала еден ден пред дојдам“.

Како што вели Васкез, Јамал има и „календар со девојки“ кој го водел неговиот менаџер.

„Неговиот агент му води „календар со девојки“, тој ги планира и организира деновите во кои излегува“, додаде Васкез.