
Mурињо: Одам во Лондон да си го видам синот и да освојам бодови
Според Мурињо, Мареска успеал даа го врати клубот на победничките патеки.
„Марескаа оди чекор по чекор, сигурно не му е лесно. Дури и Конференциската лига е одлично натпреварување да се освои. Секоја победа во некое натпреварување носи самодоверба, а летово триумфираа и на Светското клупско првенство“, додаде португалскиот стратег.
Гостувањето во Лондон за Мурињо ќе биде прилика да се види и со својот син.
„Ќе одам да го видам својот син, бидејќи живее таму. Во овој момент со мене во Португалија се мојата сопруга и ќерката. Сигурно дека ќе се видиме, па така ќе одам да го видам и ако е можно да освојам бодови. Ако навивачите се однесуваат добро кон мене, супер. Ако и тоа е во реден, но јас секаку сум среќен што се враќам“, изјави Мурињо.
Во вторник Челси и Бенфика ќе играат во терминот од 21:00 часот.
Фото: SL Benfica