Ништо од злато за Бугарија: Одбојкарите на Италија повторно се светски шампиони!

По златото на дамите, Италија стана светски шампион и во машка конкуренција откако во денешното финале ја совладаа Бугарија.

Влегоа Италијанците како фаворити во финалната пресметка и на крајот истата ја оправдаа со победа од 3-1 во сетови (25-21, 25-17, 17-25, 25-10). Бугарија добро се држеше во првиот сет, Италија имаше предност од еден поен се до заавршницата кога по 20-21 го подигнаа нивото и го освоија сетот.

Во вториот доминираа и не дозволија на Бугарите да се заканат, додека во третиот нашиод сосед успеа да внесе малку неизвесност и да намали на 2-1. Сепак, во четвртиот Италија уште еднаш го потврди кваалитетот и Бугарија освои само десет поени.

За Италија ова беше и одбрана на титулата освоена пред две години.

Фото: FIVB