Астон Вила конечно победи, прв триумф оваа сезона! (ВИДЕО)

Астон Вила со 3-1 го совлада Фулам остварувајќи го првиот триумф оваа сезона во Премиер лигата.

Фулам имаше фантастично отворање на резултатот, во третата минута поведе со гол на Раул Хименез.

На Астон Вила и требаа 37 минути за да дојде до израмнување, тогаш Оли Воткинс убаво се снајде и израмни на 1-1.

По четири минути игра во вториот дел Мегин постигна гол за комплетен пресврт и водство на Астон Вила од 2-1.

Само две минути подоцна гол даде и Буендиа поставувајќи ги конечните 3-1.