Барди за пет минути доби два жолти картони, Коњаспор сепак победи!

Коњаспор со 2-1 го победи Башакшехир во меч во кој македонскиот репрезентативец, Енис Барди беше исклучен од игра поради два жолти картони.

Резултатот веќе беше 2-1 кога Барди најпрво во 60. минута доби жолт картон, а пет минути подоцна доби уште еден по што беше исклучен од игра.

Домаќините со судиското продолжение половина час играа со фудбалер помалку, но успеаа да ја сочуваат предноста и да ги освојат трите бода.

Коњаспор има 10 бода од шест натпревари, во моментов е на седмата позиција со меч помалку од повеќето екипи.