
Ибраими со страшен гол го урна Силекс, Брера ја доби голеадата против Работнички! (ВИДЕО)
Шкендија од самиот старт се обидуваше да ја разбие цврстата одбрана на Силекс, а тоа им успеа во петтата минута од второто полувреме кога Бесарт Ибраими од косо упати една бомба под пречката за водство на тетовскиот тим од 1-0.
Победата ја завери Красниќи во судиското продолжение поставувајќи ги конечните 2-0.
Со оваа победа Шкендија се качи на првото место на табелата, но Струга и Вардар допрва треба да го одиграат мечот од осмото коло.
Дури седум голови беа постигнати на Националната арена „Тодор Проески“, Брера со 4-3 го победи Работнички.
Гостите од Струмица поведоа уште во петтата минута со гол на Михаилов, Кадриу во 27. минута изедначи на 1-1.
Но, до крајот на првото полувреме Брера не само што го врати водството туку дојде до убедливи 3-1 со голови на Нзенгуе и Наумчески.
Во вториот дел дури три гола беа постигнати во рок од шест минути. Во 72. Работнички намали на 2-3 преку Имери од пенал, три минути подоцна Брера даде нов гол за 2-4, стрелец пак беше Нзенгуе, а конечните 3-4 беа постигнати во 78. минута со вториот гол на Имери.