
Беласица го освои целиот плен против Тетекс и се израмни на врвот со Брегалница!
На натпреварот немаше многу шанси. Единствениот погодок беше постигнат по само неколку минути игра кога Беласица поведе со убав гол по земја од работ на шеснаесетникот.
Тоа беше и единствениот гол на натпреварот кој на струмичкиот тим му донесе три важни бода.
Со оваа победа Беласица се израмни со Брегалница на врвот со по 16 бодови, зад нив е Шкендија Арачиново со 14.