Најатрактивната лига ги има најлошите судии, не му дадоа чист пенал на Арсенал! (ВИДЕО)

Арсенал можеби рано ќе поведеше во дербито против Њукасл, но судиите благодарение на ВАР го поништија претходно свирнатиот пенал, за многумина ова е шокантна одлука.

Голманот Ник Поуп го удри Виктор Ѓокереш со нова и го спречи да ја заврши акцијата. Судијата најпрво досуди пенал, а потоа отиде да гледа ВАР.

Пеналот беше поништен затоа што Поуп играл и со топката. Но, за дел од критичарите ова е чист пенал, што ако голманот играл и со топката кога со удар со ногата го спречи Ѓокереш да ја заврши акцијата и да даде гол. 

 

Англиските судии постојано се мета на критики, секое коло речиси без исклучок прават големи грешки. Така е сезони наназад.