
Вардар викендов ја „згази“ Шкендија со 14-6! (ФОТО)
Вардарци покажаа голема надмоќ над ривалот Шкендија во младинските категории, скопскиот тим буквално ги прегазија тетовци.
Најубедлива беше генерација 2012 година која со 5-0 денеска ја прегази Шкендија на натпреварот кој се играше во Ново Лисиче.
До победа дојде и генерацијата 2011 предводена од Дејан Цветковски. Тие го добија мечот со минимални 1-0.
Помладите пионери на Вардар славеа гостинска победа. Среде Тетово ја победија Шкендија со 4-1.
Вчера младинците на Вардар на домашен терен ги победија тетовци со 2-1.
Единствениот пораз го доживеаа пионерите на Вардар кои вчера беа поразени со 4-2 од Шкендија во Тетово.