Ибра е во пензија, но и на 44 години покажа дека е ѕвер (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ повеќе од две години е надвор од фудбалските терени, но сега покажа дека и понатаму е во одличнна физичка форма.

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња за неколку дена ќе го прослави 44 роденден, а сега објави видео од теретана на кое може да се види  дека воопшто не се запуштил по завршувањето на играчката кариера.

На неговото тело и понатаму се гледаат мускулите, а под видеото додаде опис: Сила на природата.

Ибрахимовиќ во текот на кариерата од 1999 до 2023 година одигра вкупно 866 натпревари и постигна 511 голови за: Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси. Исто така тој е најдобар стрелец во историјата на шведската репрезентација со 62 гола нна 122 натпревари.