
Силекс во Тетово сака враќање на победничките патеки, Работнички домаќин на Брера
Двата натпревари како и вчерашните дуели се играат во терминот од 15:00 часот.
Работнички кој има лош почеток на сезоната ќе биде домаќин на Брера и во овој дуел дебармаалци ќе се обидат на свој терен да дојдат до вториот триумф во сезоната. По седум кла Работнички има само четири бода со кои е претпоследен, Брера тргна нешто подобро и се наоѓа на деветтата позиција со осум освоени бодови.
„Работиме напорно, ги анализираме натпреварите и знаеме дека и покрај тоа што бевме поразени од Вардар и од Шкендија, се забележува напредок во играта. Веруваме и очекуваме дека тоа ќе даде ефект на дуелот против Струмичани, дека ќе победиме и ќе освоиме три бода. Во никој случај не го потценуваме младиот тим на Брера, но едноставно наш императив се бодовите на овој меч“, изјави фудбалерот на Работнички Виктор Велкоски.
Во истиот термин Силекс ќе игра против Шкендија и кратовчани во овој дуел сакаат враќање на победничките патеки бидејќи загубија на последните две средби со Башкими и Струга. Шкендија од друга страна сезонава се уште не знае за пораз и на табелата е на третата позиција, едно место пред Силекс.
„Ни претстои тежок меч против шампионот. Имаме мала резултатска криза, но се надевам дека таа серија на непоразени ќе си одиме од гостувањето во Тетово. Треба само да веруваме во нашите квалитети. Ги анализиравме грешките од претходните натпревари, и мислам дека со максимална посветеност ќе излеземе од оваа резултатска криза“, вели Дарко Анѓелески, капитенот на екипата на Силекс.
Покрај овие два дуели денеска се игра и последниот натпревар од шестото коло во ВМФЛ во кој се среќаават Тетекс и Беласица.