Не му оди на Фернандеш: Израмни неславен рекорд на Варди

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернадеш беше трагичар во вчерашниот пораз на Манчесстер јунајтед откако не реализираше пенал во 76. минута при резултат 2-1, а на тој начин испиша и негативна историја.

Имено, за Фернандеш тоа беше дури седми промашен пенал во перидот од 2020 година наваму со што се израмни со легендата на Лестер Џејми Варди.

Зад Португалецот и Вардаи е Мохамед Салах со пет промашени удари од 11 метри. Инаку, сезонава за Фернандеш ова беше веќе втор промашен пенал.

Фото: Manchester United