
Доби отказ по осум месеци, а сега може да го наследи Аморим?
Славниот клуб во овој момент се наоѓа на 14. место на табелата со учинок од две победи, едно реми и дури три порази. На Аморим кој пристигна минатата сезона очигледно тешко му е да го врати клубот на победничките патеки.
Поради тоа често се зборува за негова смена, сега „Би-Би-Си“ пренесува дека во овој момент како прв кандидат да го наследи се споменува Грем Потер.
Англискиот стратег најдобрите резултати ги бележеше со Брајтон во период од 2019 до 2022 година, потоа премина во Челси каде што доби отказ по сезоната, 2022/2023, а неговото враќање на тренерската работа во Вест хем заврш неславно и доби отказ по осум месеци.
Поради тоа најголем дел од навиваачите на „црвените ѓаволи“ сигурно не би биле среќни со изборот.
Фото: Manchester United