И тоа се случи на СП: Хрват во коцкест дрес дошол да навива за – Србија!?

Северниот сосед Србија денеска го одигра првиот меч на Светското првенство во Русија и победи со 1-0 против Костарика со спектакуларниот гол од слободен удар на левиот бек Александар Коларов.

И додека во Србија се слават „орлите“, а посебно Коларов со неговиот прекрасен гол, дуелто во Самара го одбележа и еден несекојдневен момент. Имено, на мечот дошол Хрват во дрес на „коцкестите“ со само една желба – да навива за Србија.

Хрватот во Самара го сочекале новинарите на српски „Телеграф“, а тој им објаснил дека живее пет години во Русија и дека навива за сите бившојугословенски републики.

„Јас живеам во Русија веќе пет години, претходно бев во Германија. Крстаиќ го знам од Бундеслигата и посакувам, а и мислам дека Србија може да стигне до полуфинале. Инаку, што се однесува до дресот, ова не е никаква провокација. Јас сакам само да покажам дека сите сме еднакви и дека ова е само фудбал“, рече Хрватот.