Хорор: Полицијата убила поранешен фудбалер на Наполи – го претепала до смрт!

Поранешниот фудбалер на Наполи, а потоа и успешен диџеј, Микеле Ношкезе (35), почина во саботата наутро во својот дом на Ибица, откако претходно имал физички конфликт со полицијата.

Инцидентот се случил по пријава на соседите за гласна музика од забавата што тој ја организирал. Според сведоци, при доаѓањето на припадниците на шпанската цивилна гарда ситуацијата ескалирала, а уметникот бил претепан од полицијата. Ношкезе бил познат на електронската сцена под уметничкото име „Диџеј Гоци“, живеел на Ибица последната деценија и настапувал на реномирани настани во Лондон, Париз, Барселона и Њујорк. Својата фудбалска кариера ја започнал во младинскиот тим на Наполи, но потоа ја напуштил за да се посвети на музиката.

Телото е пренесено во локалната мртовечница, а властите најавија обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Во меѓувреме, семејството на Ношкезе побарало независна медицинска експертиза.