ХАОС: Автобусот на Бока јуниорс каменуван пред стадионот (ВИДЕО)

Како одминува времето до старт на мечот, атмосферата зоврива и кулминира во пресрет на Суперкласико во реванш финалето за јужноамериканската титула помеѓу Ривер Плејт и Бока јуниорс во Копа Либертадорес.

Денеска Ривер е домаќин, ќе игра пред 70 илјади свои навивачи, па фудбалерите на Бока ги чека пекол, а веќе еден голем инцидент се случи пред „Монументал“. Автобусот со фудбалерите на Бока беше каменуван, искршени се низа стакла од истиот, па очигледно и фудбалерите преживеале стрес пред да влезат на стадионот.

Нервозата полека ги зафаќа сите, зошто влогот е преголем – кој ќе се круниса за јужноамерикански првак.