Готово: Џеко има нов клуб во Италија!

Босанскиот напаѓач, Един Џеко од јануари ќе биде нов фудбалер на Џенова, италијанските медиуми тврдат дека сите детали околу овој трансфер се договорени.

Така Џеко по лошата сезона полусезона во Фиорентина повторно ќе се придружи на неговиот пријател Даниеле Де Роси кој ја води Џенова од клупата, двајцата некогаш ја делеа соблекувалната во Рома.

Џеко во актуелната сезона одигра 11 натпревари во Серија А за Фиорентина и во нив не успеа да постигне гол.

Фиорентина на табелата е последна со девет бода, додека Џенова е прва над опасната зона со 14 освоени бодови.