Муарем Муарем е четвртиот тренер на Работнички сезонава
Тупајиќ издржа само еден месец и не успеа да ги извлече дебармаалци од кризата, па поради тоа управата се одлучи на нова промена.
Муарем Муарем го чека тешка битка во вториот дел од сезоната бидејќи Работнички е претпоследен со само седум бода, зад нив е само Шкупи кој има еден бод.
Во кариерата досега Муарем Муарем беше тренер на Гостивар и Башкими, а како асистент имаше улога во Шкупи.