Клубовите сами се „избркаа“ од Управниот одбор на КФМ – сега ќе гледаат од страна!
Предводниците на макбаскетот предложија во иднина да нема член во Статутот кој предвидува претседателите на Здруженијата на сите сениорски лиги во машка и женска конкуренција и на младинските лиги, што членките на Собранието го прифатија иако самите губат од една таква одлука. Таа беше образложена како желба да се усогласат актите на КФМ со тие на ФИБА, МОК и ИОК, но и со фактот што дел од Здруженијата кај нас биле нелегални, како и што на состаноците не доаѓале само претседателите како што е предвидено, туку испраќале замени што е строго забрането.
Првите луѓе на КФМ не гледаат ништо спорно во ваквата одлука, ниту загрозување на транспарентноста, бидејќи информации за состаноците на УО веднаш се објавуваат јавно. Нивната желба е дел од оваа т.н. „кошаркарска влада“ да бидат менаџери, чија задача би била обезбедување пари, што во моментов е и неопходно поради кратењето на средствата кои од буџетот се слеваат во кошарката и во спортот воопшто.
Истовремено, меѓу членките на Собранието се додадени и претставници на Здружението за мини баскет, за Еспорт кошарка и за кошарка во колички со што ваквите асоцијации достигнаа до бројката девет, што е речиси една петтина од вкупниот број членки.