Балканска работа: Срби местеле во Бразил, еден веќе државата го избркала!

Вистински кошаркарски скандал деновиве го потресе Бразил, а во него се вклучени неколку кошаркари од Србија, како и финансиерот на екипата Рио Кларо, Светозар Поповиќ.

Бразилските медиуми пишуваат дека ФИБА покренала истрага поради сомнителни резултати на натпреварите на клубот Рио Кларо. ФИБА била известена дека станува збор за средби на кои во обложувалниците биле вложени големи суми пари.

Станува збор за натпреварот Рио Кларо - Ботафого, кој Ботафого го доби со резултат 74-61, при што масовно се обложувало на „минус поени“ (граница од 160 поени). Вториот спорен натпревар Рио Кларо го загуби од Сао Жозе со 95-64, а тука биле забележани голем број уплати на пораз на Рио Кларо со разлика поголема од 15 поени.

Раководството на националната лига потврди дека, веднаш по добиената пријава, за сè ја известило полицијата на Сао Пауло, како и министерствата за правда, финансии и спорт и Кошаркарскиот сојуз.

Прв што ја плати цената бил, 38-годишниот Светозар Поповиќ на кого веднаш му е укината дозволата за престој во земјата.