Јувентус го продава Влаховиќ за „само“ 20 милиони евра!?
Ливерпул бара нов напаѓач откако Александер Исак се здоби со тешка повреда против Тотнем, па поради тоа го гледа Влаховиќ како идеално решение.
Јувентус претходно не сакаше да го продаде Влаховиќ ниту за 60 милиони евра, но сега ќе мора да го пушти да замине за три пати помала сума.
Доколку не го продаде во јануари, Влаховиќ ќе може на крајот на сезоната бесплатно да си замине од гигантот од Торино.