Шок за една од ѕвездите на Барселона - нема да добие повик за СП 2026!?

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте наскоро треба да го објави составот за Светското првенство (СП) во 2026 година, а на него најверојатно нема да има место за една од ѕвездите на Барселона, а тоа е голманот Жоан Гарсија.

Гарсија имаше шанса да биде еден од трите голмани кои ќе патуваат на Мундијалот, но селекторот на „црвената фурија“ е задоволен со досегашниот избор на чувари на мрежата, а тоа се Унај Симон, Давид Раја и Алекс Ремиро.

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Де ла Фуенте нема да менува меѓу стативите и ќе ги повика истите голмани, што значи дека Гарсија нема да брани на СП 2026, иако беше одличен во дресот на каталонскиот гигант.

Единствена шанса за Гарсија да се најде на списокот на патници за големото натпреварување е доколку еден од другите голмани се повреди во меѓувреме.

Фото: RFEF