Германските екипи платиле милиони евра за казни поради пиротехника!

Германскиот фудбалски сојуз казни клубови од три професионални лиги со вкупно 12 милиони евра за сезоната 2024/25 поради користење на пиротехника од навивачите.

Најголемата казна ја платил Келн, која изнесувала околу 900.000 евра, а по него следат Ајнтрахт Франкфурт и Хамбургер СВ на списокот.

Клубовите се обидуваат да ги смират своите навивачи и да ги спречат да користат пиротехника на трибините, но засега не им оди најдобро и тоа го покажуваат казните.