Господски потег на Лапорта - му нуди нов договор на фудбалер кој го чека долга пауза!
Претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта направи господски потег и му ветил нов договор на Кристенсен.
Данецот е во последната година од договорот со Барселона, а неговото останување во тимот зависеше од настапите и резултатите оваа сезона, но наводно Лапорта не сака да го остави во неизвесност.
Каталонскиот гигант наводно ќе му понуди краткорочна соработка, на дополнителна година, по што сè ќе зависи од Кристенсен.