Отворена истрага поради скандалозно однесување на капитенот на Тотнем (ВИДЕО)

Дисциплинската комисија на Англискиот фудбалски сојуз отвори истрага против капитенот на Тотнем, Кристијан Ромеро поради скандалозно однесување на мечот против Ливерпул.

Ромеро во судиското надополнување беше исклучен поради втор жолт картон, по што реши да не го напушти теренот веднаш и да се скара со судијата.

„Фудбалерот се однесуваше на непримерен начин откако не го напушти теренот откако беше исклучен во 93. минута“, стои во извештајот.

Ромеро има рок до 2 јануари да одговори на пријавата пред да му биде изречена санкција.

Фото: FC Tottenham/Facebook