Божиќен спектакл: Њујорк надокнади „минус 17“ и го совлада Кливленд (ВИДЕО)
Двете екипи понудија големо возбудување на паркетот, а во еден момент Кливленд имаше „плус 17“, но не издржа до крај затоа што Њујорк со неверојатен пресврт стигна до победата од 126-124.
Предводник на Њујорк беше Џејлен Брансон со 34 поени, додека 25 поени додаде Џордан Кларксон. На спротивната страна најдобар беше Донован Мичел со 34 поени, како и по шест скокови и асистенции.