Некогаш играше за Манчестер сити, а денес продава опрема за риболов
Кастиљо по завршувањето на кариерата е непрепознатлив, а на Инстаграм објави заедничка фотографија со Новак Ѓоковиќ.
Во текот на кариерата, Кастиљо стекна статус на миленик во Олимпјакос, тим со кој освои три титули во низа во првенството, а потоа се пресели во Шахтјор Доњецк.
Во декември 2007 година пистигна во Манчестер сити на позајмица, но неговиот престој во Премиер лигата беше скратен поради тешка повреда на рамото во првиот домашен натпревар.
По заминувањето од Англија играше уште за: Днипро, Чикаго Фајр и Рајо Ваљекано каде што ја заврши кариерата.