Фернандеш се најде во ситуација во каква што не бил шест години

Maнчестер јунајтед во наредниот период нема да може да смета на Бруно Фернандеш, португалскиот репрезентативец заработи повреда во првенствениот натпревар против Астон вила (2-1).

Островските медиуми пренесуваат дека, Фернандеш го чека пауза од најмалку три недели, a извори блиски  до тимот велат дека на терените ќе се врати на 17-јануари за дербито со Манчестер сити.

Со тоа тој ќе пропушти пет натпревари што не му се случило во цели шест години откако е член на Манчестер јунајтед. Досега поради повреда и болест, Фернандеш пропушти по еден натпревар.

За утрешниот натпревар против Њукасл, Аморим не може да смета н Мејно, Мбуемо и Диало, последните двајца се на Африканскиот куп на Нации.

Фото: ЕПА