Го осудија и го - налутија: Роналдо со хет-трик го спречи славјето на Шпанија! (ВИДЕО)

Шпанија и Португалија одиграа прекрасен натпревар, кој заврши со 3-3 во рамки на 1.коло во рамки на Групата Б на Светското првенство во Сочи. Видовме два пресврти и еден хет-трик на Кристијано Роналдо. 

Фудбалерот на Реал Мадрид погоди два пати во првото полувреме и носеше водство за својот тим од 1-0 и 2-1, но Диего Коста го израмнуваше резултатот. Начо со убав гол од далечина направи пресврт и и донесе водство на „црвената фурија“ од 2-3. Португалија беше пред пораз, бидејќи во второто полувреме не искреира ниту една шанса, но во финишот на сцена стапи Роналдо.

Во 88-та минута Португалецот постигна еврогол од слободен удар за 3-3 и негов хет-трик. Натпреварот беше на ниво на едно големо финале, но на крајот можеби и најреално реми.

Роналдо имаше и слатка одмазда против Шпанија, откако денеска тој доби казна од две години затвор поради затајување данок, како и парична казна од 18 милиони евра. Фудбалерот нема да заврши зад решетки, бидејќи според шпанските закони секоја казна затвор од две години е всушност условна казна.