Германија победи, но Американците дадоа страшен гол! (ВИДЕО)
Ова беше генералка за Светското првенство за двете репрезентации, последен меч пред нивниот настап на Мундијалот.
Натпреварот почна во знакот на Хаверц, исто како и во финалето од Лигата на шампионите, Германецот и денеска погоди во втората минута, овојпат за водство на Германија од 1-0.
Во 37. минута Робинсон постигна еден неверојатен гол од далечина, топката му легна, а тој со силен шут ја смести во мрежата на Бауман.
Хаверц беше важен и за вториот гол на Германија. Во 57. минута тој ја имаше улогата на асистент до Сане кој погоди за 2-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.