Германија му верува: Нагелсман потпиша нов договор
Наглесман имаше договор до завршувањето на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
„Сите ние, навивачите, екипата и стручниот штаб создадовме нешто што сега сакам заедно да го развиваме. Сакаме заедно да освојуваме титули“, изјави Нагелсман.
Поранешниот тренер на Баерн Минхен ја презема репрезентацијата на Германија во септември 2023 година, а првично беше најавено дека екипата ќе ја предводи само на Европското првенство Германија минатото лето, но набрзо соработката беше продолжена.