ФИФА пишува едни правила, судиите им судат по свои – пеналот за Португалија подарен! (ФОТО)

Очигледна беше играта со рака на Хосе Марија Хименез по која Португалија со пеналот на Бруно Фернандеш синоќа ја завери победата со 2-0 против Уругвај за верификација на осминафиналето на „еврпските Бразилци“, ама според правилата на ФИФА – пенал не требало да биде досуден.

Уредникот на еден од најпознатите и најмоќните светски медиуми ЕСПН, Дејл Џонсон објави дека раката во положба долу, како на Хименез во ситуацијата според пишаните правила на Бордот на ИФАБ, телото на ФИФА одговорно за фудбалските правила – не е пенал!

Сега прашањето е како ФИФА пишува едни правила, а судиите свират по други (свои).

Џонсон објави фотографија од објаснувањето на ИФАБ, кога се смета играта со рака за пенал (неприродна положба), а кога не се смета за пенал (природна положба) при лизгачки старт.