
Ѕвездата од Премиер лигата мета на измамници: Со уцена сакале да добијат илјадници евра!
Според информациите на јужнокорејската новинска агенција „Yonhap“, кои ги пренесува и британскиот „Сан“, жена која била постара од Сон за 20-тина година се обидела да изнуди пари од фудбалерот тврдејќи дека е бремена со негово дете. Заедно со неа е приведен и маж кој исто така учествувал во обидот за изнуда.
Двајцата наводно побарале висока сума пари од Сон во замена за молчење, со барање што се движело во рамки на неколку стотина милиони корејски вони, едно евро изнесува околу 1.56 вони.
Адвокатскиот тим на Сон потврдил дека жената тврдела оти забременила во јуни 2024 година по наводна средба со фудбалерот. Сепак, Сон ги отфрлил обвинувањата и случајот го пријавил во полиција.
Сон е познат по тоа што го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста, а иако претходно беше во врска со познати корејски поп-ѕвезди неколку пати досега истакнуваше дека не планира брак додека не ја заврши каиерата.
Фото: Tottenham Hotspur/X