Демба Ба расистички нападнат од противнички фудбалер во Кина (ВИДЕО)

Поранешниот голгетер на Челси и Њукасл, Демба Ба доживеа голема непријатност во кинеската Суперлига, по што полуде на противничкиот фудбалер. 

Во 77-та минута Ба му се нафрли на фудбалерот на Чангчунг Јатаи, Жанг Ли, бидејќи го навредувал на расна основа. Соиграчите, но и противничките фудбалери мораа да го задржат фудбалерот на Шангај Шенуа во нервозата. 

Натпреварот кратко беше прекинат, а двајцата фудбалери заработија жолти картони. Сенегалецот тешко се помири со навредите, што е и очекувано во една ваква ситуација.

Од екипата на Шангај Шенуа испратија официјално соопштение до јавноста и бараат казна за противничкиот фудбалер.

„Демба Ба беше расистички нападнат од противничкиот фудбалер на Чангчун Јатаи, Жанг Ли. Фудбалската федерација мора да преземе сериозни дисциплински мерки“, пишува во соопштението.