Деко го најави трансферот на Нејмар!
Поранешниот ас на каталонскиот гигант е под договор со Ал Хилал од 30 јуни, но бидејќи не е регистриран за вториот дел од првенството, јасно е дека во клубот не сметаат за него.
Во медиумите претходно се појавија информации дека може да се врати во Барселона, но спортскиот директор на каталонците Деко порача дека овој момент такво нешто е далеку од реализација.
„Нејмар во овој момент е многу далеку од од Барселона. Уште од неговото заминување во Саудиска Арабија сме запознаени со неговата пазарна вредност, посебно во услови на финанискиот фер-плеј“, изјави Деко.
Деко освен што зборуваше за Барселона не криеше и дека го гледа Нејмар во Бразил.
„Сигурно многу клубови во светот го посакуваат. Договор со него никогаш не е исклучен, но во овој момент го гледам во Бразил“, заклучи поранешниот португалски фудбалер со бразилско потекло.