
Бразилски голман го израмни рекордот на легендарниот Шилтон
Во својата 28-годишна кариера, Фабио, кој има 44 години играл за Униао Бандејранте (30 натпревари), Васко да Гама (150), Крузеиро (976) и Флуминенсе (234) и при следниот настап ќе постави нов светски рекорд.
„Им благодарам на сите што беа дел од мојот живот - родителите, сестрите, пријателие и сопругата. Се трудам да бидам добар и со нив и со моите соиграчи кои имаат голема заслуга за рекордот“, изјави Фабио.
Кариерата на Питер Шилтон траеше од 1966 до 1997 година, но неговиот досегашен рекорд не беше неоспорен. Гинис и некои статистички портали тврдат дека има 1.390 натпревари, но тој самиот на Твитер напиша дека бријката е 1.387, а спорни се уште 13 натпревари за англиската репрезентација до 23 години.