Се појави снимка од Ѓоковиќ која ги загрижи навивачите (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се мачи се повреда уште од Вимблдон каде што настапот го заврши во полуфиналето кога беше елиминиран од Јаник Синер, а во овие моменти се подготвува за настап на Ју-Ес Опен.

По Вимблдон српскиот тенисер не настапи на ниту еден турнир и одлучи да одмори и да ги наполни батериите, меѓутоа сега се појави снимка која ги загрижи навивачите.

Имено, на снимката може да се види како на еден од тренинзите, Ѓоковиќ добива масажа во пределот на препоните, а освен тоа подоцна на неговото лице може да се види болна гримаса.

Засега од тимот на Ѓоковиќ нема информации за некаква повреда. Ју-Ес Опен стартува од 18 август и ќе се игра до 8 септември.