
Зверев се повреди против Алкараз и е неизвесен за УС Опен
Третиот светски рекет синоќа имаше големи проблеми со повреда во полуфиналниот дуел против Карлос Алкараз, повика и медицински тајмаут кој траеше седум минути, а потоа едвај успеа да го доврши мечот. Со оглед на тоа што од оваа година најдобрите светски тенисери треба да играат и во мешани двојки во Њујорк, настапот на Зверев е под голем знак прашалник.
Натпреварите во мешани двојки почнуваат во вторник, а според начинот на кој го доврши мечот со Алкараз, мали се шансите Зверев да заздрави во следните два дена и да го почне својот настап на УС Опен.