
Нова сезона, стар проблем за Јунајтед; Голмански кикс и водство на Арсенал (ВИДЕО)
На Олд Трафорд гостува Арсенал кој веќе води со 1-0, а „ѓаволите“ прими гол на начин кој им беше карактеристичен за минатата сезона. Корнер од левата страна, го изведе Рајс, голманот Бајиндир беше покриен од Салиба, но само малку ја удри топката која дојде до Калафјори на втората статива, а Италијанецот непречен од никого ја затресе мрежата.
Главниот судија чекаше сугестија од ВАР собата, но немаше елементи за голот да биде поништен и евентуално да биде досуден фаул над голманот.